Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Трофејниот италијански тренер отворено зборуваше за својата иднина и потврди дека одбил да биде селектор на Италија бидејќи сака се уште да работи во некој клуб.
Анчелоти на почетокот на сезоната доби отказ од Баерн Минхен, па поради фактот дека е слободен често се поврзува со многу клубови и репрезентации.
„Ме поврзуваа со Хрватска, Саудиска Арабија, Кина, Милан. Никогаш не сум разговарал со некој преставник на Милан. Мило ми е што во Италија ме ценат и ме бараат, секако дека би се вратил да работам во Серија А. Иако многу го ценам Андреа Ањели, не би отишол да работам во Јувентус“, изјави Анчелоти за италијанските медиуми.
Анчелоти беше прв кандидат за селекторското столче на „аѕурите“, но самиот откри дека ја одбил понудата.
„Да, Сојузот ме контактираше, разговарав со луѓето и им го кажав истото, дека е чест за мене што толку луѓе ме гледаат како селектор на Италија. Меѓутоа тоа би била поинаква работа. Да се биде селектор и тренер во клуб не е исто, а јас се уште уживам во секојдневната тренерска работа. Италијанскиот фудбал исто така има некои проблеми кои треба да бидат решени, а јас сам неможам да ги решам, тоа е системски проблем“, истакна Анчелоти.