Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезонава Лигата на Шампиони ќе биде многу поинтересна и понеизвесна од минатата сезона, бидејќи најдобрите екипи ги засилија своите тимови и најавуваат преземање на титулата од Реал Мадрид, кој повторно е прв фаворит според фудбалските експерти и букмејкерите, пишува специјализираниот портал Kladenje.mk.
Реал Мадрид прв фаворит, но Барселона не смее да се отпише
Начинот на кој Реал Мадрид стигна до втората шампионска титула по ред минатата сезона, настапот во финалето и победата од 4:1 над Јувентус како и освојувањето на Супер Купот во Скопје остави впечаток дека шпанските шампиони се убедливо најдобриот тим на континентот. Сезонава Реал Мадрид нема значајни засилувања, но конечно Иско почна да го покажува сиот свој потенцијал, а тука е и појавата на Маркос Асенсио кој прераснува во еден од најдобрите шпански фудбалери. Според букмејкерите оваа екипа повторно е главен фаворит со коефициент 4.75 за освојување на титулата, но според погоре наведеното коефициентот е дури преголем.
“За првпат по девет години се чувствувам инфериорно”, изјави Џерард Пике по шпанскиот Супер куп. Загубата на Нејмар и целосниот недостиг на доверба во одборот што им дозволи на Лионел Меси и Андрес Иниеста да влезат во последната година од договорите, ја направи Барселона ранлива ова лето. Замената за Нејмар е Дембеле од Борусија Дортмунд, но и покрај неспорниот квалитет тој е многу млад и неискусен за веднаш да го замени Нејмар. Букмејкерите ги препознаа слабостите во тимот на Барса и нејзината ранливост па и доделија коефициент 8.00 во Bet365, речиси со двојно помали шанси од Реал Мадрид. Но, дали ја потценуваме Барселона? Судејќи според нивните игри во Ла Лига оваа сезона, поранешните колеги на Нејмар се решени да докажат дека можат и без него. Меси останува најдобар играч во светот и постигна веќе 5 гола по 3 меча во Ла Лига, а Ернесто Валверде се чини дека малку ги освежи работите на Камп Ноу и според тоа би требало два пати да размислиме доколку се решиме да ја отпишеме Барселона.
Баерн Минхен трет фаворит
Баерн Минхен е трет фаворит според фудбалските експерти и букмејкерите со коефициент 8.00, ист како и оној на Барселона. Сепак, шампионите на Бундеслигата веќе не се на исто ниво како во предходните неколку сезони. Во последните неколку години најдобри беа под водство на…
Целата анализа прочитајте ја на Кладење.мк!