Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонија гостува кај Израел во рамки на 7-то коло од квалификациите за пласман на Светското Првенство во 2018 година во Русија. Овој меч е да се биде или не за Македонија, а нашите репрезентативци со нетрпение очекуваат да излезат на терен и да докажат дека поседуваат многу поголем квалитет од оној на кој укажуваат резултатите во овие квалификации.
Ангеловски овој пат ќе нема алиби за неуспех
Нашата репрезентација игра лоши квалификации. Очекувањата беа дека можеме да дојдеме барем до 4-то место на табелата и да бидеме барем пред една од двете селекции кои се пред нас во моментов Израел или Албанија но тоа тешко дека ќе се случи, барем од оваа гледна точка и пред овој дуел против Израел. Првите две места секако беа загарантирани за Шпанија и Италија. Сепак досега освоивме само 3 бода на 6-те одиграни натпревари и тоа оние пресметани бодови уште пред стартот на квалификациите против аутсајдерот Лихтенштајн. Загубивме од Шпанија на два пати, дома од Италија и Израел и во гости од Албанија, па според тоа и не можеме да очекуваме подобар пласман на табелата, без разлика што според играта можевме да извлечеме уште некој бод од мечевите со Израел, Албанија и Италија, пишува во анализата на специјализираниот сајт Kladenje.mk.
Селекторот Ангеловски досега се жалеше за тоа дека го нема најдобриот состав, бидејќи дел од фудбалерите беа во младата селекција на Македонија која играше на Европското Првенство во Полска, но овој пат нема да има алиби за евентуален неуспех бидејќи ги има на располагање најдобрите играчи. Составот е видно освежен со приклучувањето на најдобрите во младата репрезентација, а фудбалерите се во одлична форма во своите екипи. Барди е неверојатен во неговата нова средина Леванте каде веќе и го постигна деби голот во Ла Лига, Несторовски и Трајковски…
Целата анализа прочитајте ја на специјализираниот сајт Kladenje.mk (КЛИКНЕТЕ ОВДЕ).