Аналитичарот Ристовски: Ќе се брише и „македонскиот народ“ од Преамбулата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аналитичарот и професор Љупчо Ристовски кој повеќепати досега ја прозиваше македонската влада да каже како ќе изгледа променетата Преамбула, откако не доби соодветен одговор, понуди своја претпоставка како ќе се изврши промената.

Имено, според Договорот од Преспа, Македонија нема да го смени само своето име, туку си зеде обврски да ја менува дури и Преамбулата на уставот, заедно со бришење на придавката „Македонски“ од сите институции. Така, повеќе нема да имаме МАНУ, туку веројатно АНУСМ, МРТ ќе биде РТСМ, МОБ ќе биде ОБСМ и тн. Иако нема да има Македонски Народен Театар, ќе има Албански и Турски во Македонија.

Меѓу другото, тоа е еден од аргументите на противниците на договорот и на се погласната народна кампања #Бојкотирам.

Професорот Љупчо Ристовски повеќепати досега јавно ја прашуваше македонската влада (КЛИКНЕТЕ ОВДЕ) да каже како ќе се менува Преамбулата, но досега македонските влади молчат. Затоа, тој понуди своја претпоставка, како ќе се изврши промената.

„Значи вака, од овој момент сметајте дека во преамбулата се брише терминологијата “Македонски народ“ и во член 36 исто така, и се внесува само треминот “Македонци“…значи во преамбулата ќе стои промена, Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонци, Албанци, Турци и т.н.. по ред сите останати…

Со ова Македонскиот народ се брише од државотворен народ на Република Македонија, неговата државност се разводнува со сите останати, државата го губи титуларот во име и за сметка на Македонскиот народ и со тоа Македонија станува територија – сечија и ничија, без титулар и како општествената сопственост ќе постане предмет на бескруполозно асимилирање и разграбување од екстремите мршојади од внатре и од соседството.

Од овој момент, на две недели пред референдумот, со тврдоглаво необјавени амандмански интервенции во Уставот на државата, БОЈКОТ и НЕИЗЛЕГУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕ на 30 Септември е ЛЕГИТИМНА ОПЦИЈА за секој добронамерен и чесен Македонец“, напиша Ристовски на неговиот Фејсбук профил.

„Не дозволувајте било кој да ве лаже и замајува, ИМА ИЗЛЕЗ, И ТОА ИЗЛЕЗИШТЕ…Со пропаѓање на референдумот и процесот ништо не е изгубено, напротив, нацијата ќе се сплоти, се труло, криминогено и вазалско ќе биде фрлено на буниште надвор од политиката, а стамени МАКЕДОНЦИ ќе си ја фатат работата со ред, на нови избори кои веднаш потоа ќе мора да се организираат.

Оставете ги тие апокалиптични сценарија на Хан, тоа се прикаски за мали деца. Ниту ќе ни ја затворат вратата после, ниту било што…напротив, се’ ќе биде поинаку, оти ќе сфатат дека овде живеат стамени Македонци, горди и достоинствени и ќе почнат да не ценат повеќе…сите, и соседите и секој во светот.

Македонскиот народ ќе одговори со пркос, со инает и достоинствено ќе покаже и докаже кој е и како изгледа македонскиот гениј кој не одржал од памтивек.

ГОРДО И ДОСТОИНСТВЕНО, СО ВЕРА И БОГ ВО СРЦЕТО!“, пишува Ристовски.