Аналитичарите: Расцепот меѓу РПЦ и Константинопол – втора најголема шизма во христијанството


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Расцепот кој се случува меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија во Константинопол, аналитичарите го прогласија за втората најголема шизма во христијанството. Овој раздор следеше откако Украинската црква доби самостојност.

Руската православна црква најави дека ги прекинува врските со Вселенската патријаршија во Истанбул, по нејзината одлука да додели независност на Украинската црква, пренесува Дојче Веле.

„Донесовме одлука да ги прекинеме односите со Патријаршијата во Константинопол“, што значи дека свештениците од двете цркви не можат да служат заедно и верниците не можат да одат на богослужба заедно, изјави владиката на РПЦ Хиларион во Минск каде се одржуваше состанок на Светиот синод на руската црква.

Хиларион рече дека РПЦ не ја признава одлуката донесена од Патријаршијата.

Односите меѓу украинските власти и Руската православна црква дополнително се влошија по анексијата на Крим од страна на Москва во 2014 година и конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина.

Москва ја смета Киевската патријаршија која ја предводи патријархот Филарет за шизматска, а таквиот став го поддржуваше и Константинопол од 1990 година досега.

Вселенската Патријаршија практично ја поништи сопствената одлука донесена во 17 век со која Киевската Митрополија беше споена со Руската православна црква.

Повеќето православни парохии во Украина историски и припаѓаа на Московската патријаршија, но сега би можеле да и се приклучат на независната Украинска црква.