Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешната тенисерка докажа дека близнаците не ги родила сурогат мајка, така што објави слика на која е со труднички стомак.
Ана Курникова и нејзиниот долгогодишен партнер Енрике Иглесијас го изненадија светот, кога во декември минатата година станаа родители на близнаци. Бидејќи дотогаш го криеја сето тоа, и немаше никаква фотографија на трудната Курникова, почнаа трачеви дека децата им ги родила сурогат мајка.
Но, поранешната тенисерка сето тоа го демантира откако објави фотографија од трудничкото стомаче.
Триесет и шест годишната Курникова на Инстаграм покажа како изгледаше во 37-мата недела од бременоста со близнаците Николас и Луси. На фотографијата, Ана изгледа одлично додека позира во кожни црни панталони и високи потпетици.
Инаку пред неколку дена, Енрике сподели фотографија на која позира со едно од близначињата. „Се уште не можам да поверувам… дека си мое“, напиша тој.