Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер „ја освоија“ наслвоната од германскoто Vogue


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моментално еден од најславните брачни парови од светот на спортот, бившата тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, ќе ја красат насловната страна на германското издание од престижното модно списание Vogue.

Некогашната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ иако во 2016 го напушти белиот спорт сè уште е мета на интерес и го привлекува вниманието на медиумите. Неодамна стана амбасадорка на УНИЦЕФ поради складниот брак има многу што да каже во медиумите за мирниот брачен живот.

Ивановиќ и некогашниот капитен на германската фудбалска репрезентација, Бастијан Швајнштајгер кој е уште активен како фудбалер во Америка се во брак од 2016 година, во 2018 година го добија и првото дете.

Во февруарското издание на Vogue заљубениот брачен пар ја открива тајната на нивниот складен заеднички живот.

„Кога ќе ја пронајдете љубовта на својот живото секако дека мора да постои љубов, но покрај тоа подеднакво се значајни и почитувањето и разбирањето меѓу сопружниците“, изјавила Ана.

Во промотивното видео на јутјуб Ана изјавила дека крај својот сопруг се чувствува сигурно, а Бастијан наведува дека најмногу сака да го минува времето со Ана и нивниот син.