Ана Брнабиќ изгласана за нова премиерка на Србија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ана Брнабиќ е избрана за нов премиер на Србија со 157 гласови за и 55 против. Нејзиниот кабинет ќе има 21 министер, а премиерката и министрите синоќа во 20 часот положија свечена заклетва. На гласањето немаше воздржани, а 38 пратеници беа отсутни.

Брнабиќ, во својство на мандатар завчера го изложи експозето пред пратениците, при што порача дека економскиот развој, дигитализацијата и образованието ќе бидат клучни приоритети на новата влада.

Од претходниот кабинет, Владата која ќе ја предводи Брнабиќ ќе се разликува само по тоа што ќе има два ресора повеќе, и тоа за животна средина и за иновации.