Ана Брнабиќ е првата геј премиерка која ја доби Србија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


41-годишната поранешна бизнис жена на годината, Ана Брнабиќ е назначена за нов премиер на Србија, откако Александар Вучиќ ја напушти Владата и беше избран за претседател на државата. Брнабиќ е инаку првата политичарка која јавно се декларилала дека е геј за што најголемо противење имаше Српската православна црква, но српското собрание сепак, и ја даде довербата да ја води Владата.

Вучиќ посочи дека Брнабиќ е вредна и поседува стручни и лични квалитети.

Брнабиќ рече: Сакам да му се заблагодарам на претседателот на укажаната доверба да ја водам Владата на Србија и да ги продолжам реформите со несмалена посветеност у сила. Чест ми е да и служам на својата земја и јас, доколку ме избере Собранието, Владата ќе ја водасм посветено и одговорно, а својата работа ќе ја работам чесно и со љубов. Свесна сум за одговорноста која ја преземам затоа што треба да го наследам вистинскиот лидер, како и обврската кон граѓаните кои очекуваат резултатите од работата на владата да ги почуствуваат низ подобриот квалитет на живот, изјави Брнабиќ за Блиц.

На нејзиното именување освен што се спротивстави Српската православна црква, на нејзиното именување не гледаа благонаклоно ниту одредени коалициски партнери на владеачката Српска напредна странка.

Брнабиќ, како што кажал Вучиќ ќе го води економскиот дел, преговорите со ММФ, како и процесот на дигитализација, а суштинскиот политички дел на владата ќе го води Ивица Дачиќ.

Брнабиќ не е членка на ниту една партија и за министерка за државна управа и локална самоуправа беше избрана во август 2016 година како непратиска личност предложена од владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.

Изборот на Брнабиќ тогаш привлече големо внимание во српската јавност поради нејзината јавно декларирана хомосексуална ориентација.

Брнавиќ се школувала на Универзитетот Нортвуд во Мичиген, САД и Универзитетот Хал во Англија. Во 2001 година се враќа во Србија и работи за различни американски консултантски фирми на проекти за развој на локалната самоуправа, финансирани од УСАИД. Од 2002 до 2011 работи во УСАИД, а од 2011 работи во американската компанија за развој на ветропаркови „ Continental Wind Serbia“ каде станува и директорка од 2013 година.