Амстердам воведува голема промена во „Red Light District“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Посетителите во Амстердам повеќе нема да можат да ги гледаат ниту да ги фотграфиират проститутките изложени во јавните куќи и тоа веќе од Април оваа година. Најпознатиот дел од Амстердам, Red Light District, во кој сте можеле да уживате на излозите од борделите во кој танцуваат проституки и привлекуваат гости, повеќе нема да биде ист.

Имено, голем број политичари и јавни службеници сметаат дека легализираната проституција во Амстердам е всушност голема катастрофа.

Холандската влада ја легализира проституцијата во 2000 година и со тоа се ветуваше сигурност на жените и крај на трговијата со жени. Се тврдеше дека сето ќе биде поштено, сигурно и уредно. Но се случи спротивното. Секс туризмот сега е главна инустрија, а многу мажи го посетуваат Амстердам само за да платат за секс.

Нелегалниот секс пазар процвета после легализацијата на проституцијата, трговиијата со жени е во пораст, а жените очигледно не се сигурни. Она што некогаш изгледаше како ревулуционерен пристап, испадна дека е голема катастрофа.

Сите наведени причини покренаа ги покренаа и првите јавни протести против борделите.

„Прекинете со трговија на секс“ и „Доволно е“ се само некои од слоганите кои резултираа со гасење на третина од јавните куќи.