Амнести Интернешнал има докази: Русија изврши воено злосторство со нападот врз театарот во Мариупол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Амнести интернешенал (АИ), повикувајќи се на доказите за кои тврдат дека ги имаат, заклучи дека со воздушниот напад врз театарот во украинскиот град Мариупол, кој беше извршен во март, Русија направила воено злосторство.

Организацијата за човекови права три месеца собираше докази за злосторството и своите наводи ги претстави во извештајот што денеска е објавен.

Доказите вклучуваат 52 изјави на сведоци, од кои 28 биле дадени од луѓе кои биле во или во близина на театарот во моментот на нападот.

-По неколку месеци ригорозна истрага, анализа на сателитски снимки и интервјуа со десетици сведоци, заклучивме дека нападот е јасно воено злосторство извршено од руските сили – кажа Агнес Каламар, генерална секретарка на Амнести интернешенал.

Организацијата заклучи дека е речиси сигурно дека руските воени авиони на 16 март фрлиле две бомби од 500 килограми врз зградата на театарот, што во тој момент бил преполн со цивили.

АИ откри дека во воздушниот напад загинале најмалку 12 лица, а многу се посериозно повредени.

Бројот на загинати, цитиран од Амнести, е помал од претходните проценки, бидејќи, наводно, голем број луѓе го напуштиле театарот деновите пред нападот.

Повеќето од оние што останале се засолниле во подрумот на театарот или во други делови од зградата каде што успеале да ја избегнат целосната сила на експлозијата, се наведува во извештајот.