Амин од Еврозоната за нови 6,7 милијарди евра помош за Грција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еврозоната начелно даде согласност да се исплатат нови 6,7 милијради евра финансиска помош на Грција откако е утврдено дека властите во Атина ги спровеле повеќето реформи кои биле побарани во замена за финансиската помош.

„Еврогрупата го усвои третиот извештај од програмата за реформи на Грција. Завршена е голема работа, што му дозволува на Европскиот стабилизациски механизам да ја одобри новата транша од макрофинансиската помош вреден 6,7 милијарди евра“, изјави новоименуваниот претседател на Еврогрупата, португалскиот министер за финансии Марио Сентено.

Одлуката доаѓа откако грчкиот парламент и покрај жестоките протести и штрајкови на синдикатите минатата седмица кои ја парализираа Атина, усвои серија економски мерки со кои се тоограничи правото на штрајк и се направија нови кастрења во државните расходи, што ги бараа меѓународните доверители на Грција.

По одлуката, еврокомесарот за финансиски прашања, Французинот Пјер Московиси, изрази надеж дека Грција ќе може наскоро да излезе од долгогодишната програма за финансиска помош и да почне самата да ги финансира своите потреби.

Станува збор за транша од тригодишната програма за странска финансиска помош на Грција, трета во последните пет години во вкупна вредноста од повеќе од 320 милијарди евра. Рокот на отплатата на заемот од новата програма изнесува 32,5 години, депозитите во грчките банки нема да бидат отпишани и нема да се користат за враќање на финансиската стабилноста на кредитните институции.

Програмата за помош на Грција инаку предвидува делекусежни економски и социјални реформи, како на пензискиот и здравствениот систем, либерализација на пазарот, реформи на јавната управа, елиминирање на даночната евазија, јакнење на финансискиот систем и буџетските цели за да се намали енормниот долг на земјата, Напредокот ќе се оценува на секои три месеца и програмата ќе се прилагодува согласно на тоа.