AMG GT Black Series, ѕвер со 730 коњски сили и максимални 325 км/час – еве колку ќе чини


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Автомобилскиот гигант Mercedes во средината на јули го престави моќниот AMG GT Black Series, а сега е позната и цената на овој суперспортски автомобил.

Неколку дена по премиерата, германскиот произведувач започна да прима нарачки за својот нов „ѕвер“ од 730 коњски сили.

Тие кои можат да си дозволат ваков ексклузивен автомобил ќе мораат да издвојат дури 335.240 евра, колку што чини основната верзија на Mercedes AMG GT Black Series во Германија.

Доколку сакаат додатен ексклузивитет во вид на специјална AMG magma beam фарба (како на фотографиите), која е достапна само на овој модел, треба да избројат уште 8.468 евра.

Сè на сè, за максимално опремен автомобил потребно е да се платат скоро 365.000 евра.

Mercedes AMG GT Black Series во себе има 4.0 литарски твин турбо „V8“ мотор со импресивни 730 коњски сили. Моторот е поврзан со 7 брзински автоматизиран менувач со двојно квачило, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,2 секунди.

Од 0 до 200 км/ч овој автомобил достигнува за 9 секунди а максималната брзина е 325км/ч.