Американците за руското „чудовиште“: На тој супербомбардер не му ни треба невидливост


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Модернизираниот „Бел лебед“ ќе стане вистиски супербомбардер, предупредува американскиот воен аналитичар Дејв Маџумдар, а старите верзии уште од Советскиот сојуз и тоа како беа ефикасни во Сирија.

Руската војска, во февруари следната година, ќе ги добие првите надзвучни носачи на ракети „Тупољев Ту 160 М2“. „Белите лебеди“, како што ги нарекуваат Русите, или Blackjack, како што ги нарекува НАТО, се прототип на новата генерација стратешки бомбардери кои се изработени во последните години од Советскиот сојуз.

Русија денес располага со 16 стари авиони кои играат клучна улога во стратешки значајните воздушни удари.

„Одлично се покажаа“

„Авионите одлично се покажаа во сириската кампања, послужија како носачи на убиствените крстосувачки ракети H-101 кои имаат радиус на делување од 4.500 до 5.000 километри“, пишува американскиот аналитичар.

Тој, исто така, претпоставува дека работата на модернизирање на „Белиот лебед“ оди побрзо отколку што се очекувало, бидејќи претходно, неговиот прв лет беше најавуван дури за крајот на 2018 година. Во секој случај, додава тој, програмата Ту-160М2 е основна задача на модернизацијата на руските стратешки бомбардери.

Руските Воздушно-вселенски сили планираат да купат 50 нови воздушни носачи на ракети, но, исто така, и постоечките 16 авиони од типот „Тупољев 160“ ќе ги усовршат до верзијата М2.

Овој број модернизирани бомбардери е сосема доволен за сите потреби на стратешките сили на Русија, кои, за разлика од американските, не предвидуваат влез во воздушниот простор на непријателите за да му ги уништуваат целите, истакнува Russia Beyond.

Два пати побрзи од звукот – не им треба невидливост

„Ту-160М2 е во состојба да развие брзина над 2 маха и да испали ракета со најголем домет. Затоа стелт технологијата на американските авиони и не е така важна за Русите“, вели научниот соработник на Центарот за воено-поморски анализи на САД, Мајкл Кофман, за The National Interest.

„Додуша, се зборува и за развој на Тупољев PAK-DA кој би требало да биде невидлив за радарите, но тоа на Русите не им е приоритет и преферираат да вложуваат пари во Белите лебеди“, вели Кофман.

Тој додава дека, всушност, една од улогите на стратешките бомбардери кои можат да носат нуклеарно вооружување е демонстрација на сила, односно закана од нуклеарен удар, а во тој случај невидливоста и не е баш најкорисна.

Иако е надворешно новиот „Бел лебед“ е доста сличен на стариот, под „маската“ приказната е сосема друга. Ќе биде опремен со нов систем и опрема, но главните промени се во моторите, кои се поиздржливи и прилично помоќни и поефикасни.