Американците од Флорида по подолго време отидоа на плажа – таму ги чекаше „смртта“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Плажите на Флорида беа отворени по подолго време, откако претходно беа затворени за граѓаните со забрана за собирање на нив како превенција од ширењето на коронавирусот.

Граѓаните на Флорида се упатија кон плажите кои беа отворени како резултат на олабавување на мерките за бopба против кopoнавиpycoт, но она што ги чекаше таму веројатно не го очекуваа, ниту замислуваа во некој лош сон.

На местото на кое во нормални услови седат спасувачите на плажата, ни помалку ни повеќе, седеше и чекаше „смртта“.

Станува збор за познатиот адвокат од Флорида, Даниел Улефелдер во познатиот костум, а тој смета дека плажите се прерано отворени.

„Многу од вас ме прашаа дали сакам да направам турнеја низ Флорида со овој костум. Одговорот е апсолутно да”, напиша Даниел на Твитер.