Home Актуелно Американците нарачуваат пица преку Македонија: Бизнис за млади во Охрид и Дебар

Американците нарачуваат пица преку Македонија: Бизнис за млади во Охрид и Дебар

Над десетина илјади пицерии во 2000 градови во САД добиваат порачки по пат на кол-центар во Македонија.

Се наведува дека 300 вработени во фирмата „Слајс“, лоцирани во Дебар и Охрид, секојдневно нуди помош преку телефон за 10-20 илјади американски корисници.

МИА наведува дека се работи за инвестиција на Дебарецот, Илир Села, кој повеќе од две децении живее и работи во САД, а од градоначалникот на Дебар, добил посебна плакета за допринос во намалувањето на невработеноста, особено меѓу младите.

Неговата фима во Дебар има 147, а во Охрид 150 вработени, а најавува и нови 100 работни места. Објаснува дека по пат на платформа на оваа фирма, корисниците во САД по пат на интернет нарачуваат пици и од вработените во Македонија имаат 24-часовна поддршка.

Сопственикот на фирмата наведува дека во неа просечната старост на вработените е од 24 до 28 години и дека се работи за лица од сите националности кои живеат во двете општини каде центрите се наоѓаат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…