Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двата американски бомбардери што заедно со четири грчки авиони вчера прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци над Балтичко Море, објави на Твитер руската амбасада во земјава.
Two U.S. B-1 Lancers from Ellworth Air Force Base, South Dakota, heading towards state border of #Russia over the Black Sea have been intercepted today by two #Russian Sukhoi fighters. #StopNATO https://t.co/cGtyAqx3tZ pic.twitter.com/GQAxNd6uOF
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 29, 2020
„Двата американски Б-1 лансери од Воздухопловната база Елсворт, во Јужна Дакота, кои беа упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денес беа пресретнати од два руски ловци Сухои“, објави руската амбасада пренесувајќи го во прилог твитот на американската амбасада во Скопје во кој се вели дека прелетот е израз на трајната поддршка за Македонија.
Двата авиона на американското воено воздухопловство придружувани од четири авиони на грчката воена авијација вчера извршија прелет над територијата на Македонија во чест на нашето членство во НАТО.