Американците го открија најдолгиот шверцерски тунел меѓу Мексико и САД


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американските власти соопштија дека нивните служби го открија најдолгиот тунел за шверц на југозападната граница, кој има должина од 1.313 метри. Тунелот почнува од мексиканскиот град Тихуана до Сан Диего, САД.

Почетокот на тунелот е во индустриско подрачје во Мексико, соопштија од американската служба за царинска и гранична заштита.

Како што објаснија, откако е откриен тунелот на крајот на август минатата година, мексиканската полиција го пронајде влезот во тунелот и припадниците на работната група „Сан Диего“ започнаа да прават мапа на тунелот од Мексико.

Вториот најдолг тунел во САД, кој се протега на 904 метри, беше откриен во Сан Диего во 2014 година.