Advertisements
Славни

Американците бараат Меланија да се пресели во Белата куќа или да плаќа трошоци за физичко обезбедување

Скоро 100.000 луѓе досега ја имаат потпишано петицијата со која се повикува првата дама на САД, Меланија Трамп, да се пресели во Белата куќа или да си го плати и да си го плаќа понатаму личното физичко обезбедување кое сега го користи на државна сметка во Trum Tower.

После инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, медиумите објавија дека Меланија Трамп и нејзиниот десетгодишен син Барон ќе останат во Њујорк додека тој да ја заврши школската година, па потоа ќе се преселат во Белата куќа.

Повеќе од 92.000 граѓани ја потпишаа граѓанската петиција која е иницирана пред седум дена, а со која првата дама се повикува да се пресели во Белата куќа или сама да си ги сноси трошоците за личното обезбедување на кое има законско право како сопруга на претседателот на САД, а кое е на државна сметка. Петицијата ќе биде доставена до американскиот Сенат и сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен, кога на неа ќе бидат собрани 150.000 потписи.

Во текстот се наведува дека даночните обврзници во САД се должни да плаќаат физичка заштита на првата дама, но не во Trump Tower, т.е. не ако живее во приватен објект. Според последните информации, граѓаните на САД досега платиле 24 милиони долари за трошоците за обезбедување на Доналд и неговото семејство во период од два и пол месеци, односно од изборот, па до инаугурацијата на Трамп.

Advertisements
To Top