Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарната емисија „Highly Questionable“ на американската телевизија „ЕСПН“ го омаловажуваше ракометот како спортот тврдејќи дека Леброн со поранешниот квотербек Џеј Кутлер би освоил Златен медал на Олимписките игри.
Кутлер пред неколку дена изјави дека на 36 години размислува да почне да се занимава со ракомет и да се обиде со САД да се квалификува на Олимписките игри.
PART 1: ⚠️ If you are a #handball fan and suffer from a heart condition please don’t watch this ⚠️
We can’t wait to see Jay Cutler throwing some missiles #purearmspeed #cuttingedgejournalism @Foxworth24
PART 2 below ⤵️ pic.twitter.com/QvgWCy0qQJ
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 31, 2020
„Слушнав дека ракомет се игра на Олимписките игри и мислам дека би бил добар во тој спорт. Се игра со мала топка која ја додаваш и ја фрлаш во гол’, изјави Кутлер.
„Колку играчи играат, осум така ли? Ја мислам дека ти, Леброн и Патрик Махомес сами против било кој осумка од другите земји би освоиле злато“, одговори водителот, па Кутлер продолжи:
„Мислам, погледнете го тој спорт. Сите тимови се поставени пред голот и играчите ги креваат рацете на памет, некогаш ја блокираат топката некогаш не. Ма морам да влезам во нашиот тим!“.
Еден од водителите се сложи и порача дека и тој веднаш би влегол во тимот со Кутлер и Леброн.
„Дали некогаш сте слушнале некој осмугодишник дека сака да игра ракомет? Јас сум сигурен дека тој спорт некаде на Земјата е популарен. Кој се занимава со ракомет? Оние кои не успеале во фудбалот или кошарката“, порача еден од водителите.
no chance! people dont know how hard is to play handball🤷🏼♂️ https://t.co/SzJglTFpit
— Luka Doncic (@luka7doncic) February 5, 2020
Оваа расправа стигна до Никола Карабатиќ и Лука Дончиќ. Карабатиќ му кажа на Кутлер дека тој ќе му го даде својот златен медал ако го победи, а Дончиќ им кажа дека немаат поим колку ракометот е тежок спорт.
Hey Jay Cutler and @Foxworth24 , i don t think you have studied handball enough but i d be glad to give you my olympic gold medal if you beat my team. #handball @espn @HandballHour @PardonMyTake https://t.co/jX7ty245DQ
— NIKOLA KARABATIC (@NKARABATIC) February 1, 2020