Advertisements
Вебкафе

Американските полицајци со молба до криминалците: Стрпете се до утре, денес е прежешко

Полициските служби од американската сојузна држава Масачусетс вчера упатија необична молба до граѓаните да се воздржат до денес од криминални дела и незаконски активности.

Ваква невообичаена молба била упатена поради топлотниот бран кој го зафати ова подрачје, објави вчера CNN.

„Едноставно е премногу топло за кршење на законот“, наведува полицијата во градот Брејнтри во Масачусетс и им порача на граѓаните за време на горештините да останат во затворени простории и да ги прекинат незаконските дејствија додека не се разлади.

Полицијата препорача гледање серии, играње игри или вежбање карате дома, додавајќи дека „следниот состанок со разбојниците веројатно ќе биде в понеделник кога ќе се разлади“.

Најмалку шест лица починале поради топлотниот бран во САД, а во Њујорк и Вашингтон се измерени 38 степени Целзиусови. Горештините во централниот дел на САД и на атлантскиот брег би требало да траат до вечерва по локално време.

Американските власти наведуваат дека температурите денеска на некои места стигнале до 45 степени, поради што им се советува на граѓаните да ги ограничат своите активности на отворено.

Advertisements
To Top