Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По пауза од 14 години, прва официјална посета на американскиот секретар за одбрана на Македонија. Актуелниот секретар Џејмс Матис на аеродромот во Скопје, каде беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ова е прва посета на американски секретар за одбрана на Македонија по 14 години. Веднаш по пристигањето министерката Шекеринска и секретарот за одбрана Матис имаа работен појадок.
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе има средба во владата на Република Македонија со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што во 11.30 ќе дадат изјави за медиумите.