Американскиот претседател Трамп ѝ наметна санкции на Турција


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Воведувањето низа санкции врз турските министерства беше потегот кој го повлече американскиот претседател Доналд Трамп, како одговор на воената офанзива на земјата во северна Сирија, пренесе Би-би-си.

Претседателот Доналд Трамп во понеделникот ѝ воведе санкции на Турција и од НАТО сојузничката побара да го запре воениот напад во северо-источна Сирија, кој брзо го реструктуира бојното поле на најсмртоносната војна во светот.

Трамп, кој, како што велат критичарите, де факто ѝ даде зелено светло за напад на Турција наредувајќи повлекување на американските сили од областа на конфликтот, во повик со претседателот Таип Ердоган побара прекин на огнот.

„Соединетите Американски Држави едноставно нема повеќе да ја толерираат инвазијата на Турција во Сирија. Ја повикуваме Турција да застане, да стави крај на насилството и да дојде на преговарачката маса“, изјави за новинарите потпретседателот Мајк Пенс, додавајќи дека ќе патува во регионот „што е можно побргу”.

Трамп исто така ги најави плановите за повторно наметнување тарифи за челик на Турција и веднаш ги прекина преговорите за трговскиот договор вреден 100 милијарди долари.

Овој потег брзо беше критикуван како премалку и предоцна од врвните демократи во Конгресот.

„Неговата објава за пакет санкции против Турција е многу малку за да се запре таа хуманитарна катастрофа“, рече претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси.

Турција има за цел да ја неутрализира курдската милиција ЈПГ, која претставува главниот дел од сојузникот на Вашингтон предводен од Курдите, Сириските демократски сили (СДФ), кој беше клучен сојузник на САД во растурањето на џихадистичкиот „калифат“, поставен од милитантите на Исламската држава во Сирија.

Анкара ги смета ЈПГ за терористичка група во сојуз со курдските бунтовници во Турција.