Вебкафе

Американски воени авиони се бркаат со НЛО (видео)

Борбена ескадрила составена од американски воени авиони ловци од носачот на воени авиони „USS Nimitz“ имала радарски визуелен контакт со неидентификуван летечки објект. Од оваа средба во 2017 година беше објавена и инфрацрвена снимка, а престижниот Washington Post откри дека контроверзното видео го објави бившиот разузнавачки офицер Луис Елизондо кој со тоа сакал да ја открие пред јавноста тајната операција која ја раководело американското Министерство за одбрана.

Американската армија никогаш до сега официјално не признала дека таква програма воопшто постоела, но New York Times дошол до видео материјалот, а ги контактирале и дел од учесниците во контроверзната воена програма.

Програмата официјално била укината во 2012 година. Сепак, добро информираните велат дека луѓето продолжиле да работат на истата, но биле преместени на други позиции и дека сè уште се анализираат сите податоци поврзани со НЛО.

Едно од видеото кое излезе во јавноста покажува како двајца пилоти на Ф/А -18 Суперхорнет во 2004 година полетале од споменатиот носач на авиони поради необичен летачки објект со големина на патнички авион.

„Ова е проклет дрон“, се слуша гласот на еден од пилотите. „Ма има цела ескадрила, погледни на С.А. Боже мој!“, продолжува. „Сите одат низ ветер. Ветрот дува со 120 јазли на час. Погледни се врти. Не е тоа она што мислам….“, се слуша на видеото кое се појави во јавноста во август.

Пентагон упорно молчел за овиеслучувања, но на 23 април американската морнарица за магазинот „Политико“ потврдила: Имавме повеќе извештаи за неидентификувани и неовластени летала кои последните години влегуваа во нашиот воздушен простор“.

Разузнавачот Елизондо инсистира дека инцидентот со НЛО е вистински.

„Сега имате луѓе на највисоки позиции во власта на САД и меѓународната заедница кои конечно овој феномен на НЛО го сфаќаат сериозно“, истакнал Елизондо.

Елизондо воедно за New York Times изјавил дека излегол од Министерството за одбрана во септември во 2017 година поради преголемата најност со која е опкружен целиот програм. Тој смета дека постојат докази кои ја подржуваат теоријата дека летала на вонземјани ја посетиле планетата Земја.

„Тие летала, ќе ги наречеме летала покажуваат карактеристики какви американското воздухопловство, ако и ниту едно друго воздухопловство на светот во моментов не поседува во својот арсенал“, истакнал Елизондо.

Поранешен висок службеник на Пентагон вели дека леталото на видеото „им пркоси на законите на аеродинамиката“, дека нема очигледни форми на погон и дека меневрирало на начин кој е далеку од Г-силата која човечкото тело може да ја издржи.

Сторијата во New York Times вклучувала и видео снимка од средбите на американските пилоти со НЛО во 2014 година.

Еден од пилотите пензионираниот капетан Давид Фравор за CNN изјавил дека летачките објекти изгледале како „15 –метарски бонбоните Тик – Так“ со секавична способност за маневрирање.

Advertisements
To Top