Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американските научници откриле дека коронавирусот ја губи моќта побрзо кога е изложен на сонце, топлина и влажност. Ова вчера го изјави официјален претставник на американската влада, објаснувајќи дека болеста позната како Ковид-19 може да стане помалку заразна во наредните летни месеци.
Научниците откриле дека вирусот преживува најдобро во затворено и суво, и ја губи моќта кога температурите и влажноста се зголемуваат, особено кога се изложени на сончева светлина, рече шефот на бирото за наука и технологија, Вилијам Брајан на брифингот во Белата куќа.
„Вирусот умира брзо во присуство на директна сончева светлина“, истакна Брајан.
Ова може да ги зајакне надежите дека коронавирусот ќе го следи однесувањето на други респираторни заболувања, како што е грипот, кои обично се помалку заразни при потоплите временски услови.
Новиот коронавирус, сепак, се покажа како смртоносен и на топла клима како што е во Сингапур, па донекаде го доведува во прашање влијанието на временските услови врз неговото однесување.
Претседателот Доналд Трамп рече дека новите откритија треба да бидат толкувани со претпазливост. „Се надевам дека луѓето ќе уживаат во сонцето и, доколку има некаков ефект, тоа е одлично“, рече тој.
На непорозни површини како што се нерѓосувачкиот челик, во темнина и во услови на мала влажност, вирусот губи половина од својата моќ по 18 часа, истакна Брајан. Во многу влажни услови, неговата моќ се преполовила по шест часа, а кога е изложен на сонце, тоа се случува во рок од две минути, истакна тој.
Научниците забележале сличен ефект со честичките од коронавирус во воздухот, симулирајќи кашлање и кивање. Во темна просторија, вирусот можел да лебди со половина од својата моќ во период од половина час, а кога бил изложен на сонце, неговата моќ се преполовила за 90 секунди.