Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот ММА борец и бивш член на UFC, Сејџ Норткат, ќе се обиде што поскоро да го заборави своето деби во азиската организација One Fighting Championship.
Причина за тоа е едно фатално кроше кое Норткат го доби од бразилскиот „фајтер“ Космo Александре, после само 29 секунди од почетокот на борбата, удар кој ќе го следи до крајот на неговиот живот.
Sage Northcutt made
his #ONEChampionship debut. it didn’t go well,
he was KO’d in just
29 sec. pic.twitter.com/38Vr3rbv4j— World of MMA (@CM_fights) May 18, 2019
Александре славеше победа со нокаут во Сингапур, а Сејџ набрзо заврши на операциона маса поради осумте фрактури кои ги здоби од само тој еден единствен удар. Операцијата траеше цели девет часа.
„Свеж после операција. Имав осум фрактури и деветчасовна интензивна операција. Се чувствувам благословено поради неверојатното внимание кое го добив од организацијата ONE, пријателите, семејството и обожавателите. Мојата терминатор фаца не е толку страшна. Ќе се вратам! Следи отстранување на катетарот“, порача Норткат на социјалните мрежи.