Home Актуелно Американски бомбардери денеска ќе прелетаат над Скопје

Американски бомбардери денеска ќе прелетаат над Скопје

Два американски бомбардера Б52 денеска попладне ќе го прелетаат Скопје, соопшти македонското Министерство за одбрана.

Според најавата, два воени авиона Б52 на американското воено воздухопловство во Европа и Африка во 14:35 часот ќе го надлетаат Скопје. Летовите на тие авиони, се посочува, демонстрираат силен сојуз во НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучително и за Северна Македонија.

За да се покаже посветеност и безбедносна гаранција кон балканските сојузници и партнерите во НАТО, денеска освен над Македонија, авионите ќе летаат и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…