Американската морнарица призна: Снимките од НЛО се вистински, не требаше да стигнат во јавност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако на интернет во 2017 година беа објавени три видео снимки на кои се гледаат средби на американски поморски авиони со неидентификувани летечки објекти, сега американската морнарица призна дека истите се реални и вистински и дека не требало да бидат објавени во јавност.

„Трите видеа на кои воени авиони наидуваат на неидентификувани воздушни феномени никогаш не требаше да бидат пуштени во јавноста. Видеата се оригинал, а нивната содржина не може да се објасни“, вели Џозеф Градишер од Американската морнарица.

Тој не сака да го употреби зборот НЛО, бидејќи и покрај тоа што не знаат што се, а брзината со која се движат е вон способностите на било кој земјен летечки објект, нема докази дека станува збор за објекти од вонземно потекло. Затоа од неодамна американските власти милуваат да го употребуваат терминот НВФ (неидентификуван воздушен феномен) само за да се дистанцираат од НЛО кое асоцира на вонземјани.

Видеата беа објавени во 2017 година. Иако беа декласифицирани, сепак никогаш не добиле дозвола да бидат јавно објавени.