Американската армија создаде вакцина ефикасна против било кој вид на Ковид и САРС


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вакцината е дело на Армискиот истражувачки институт од болницата Волтер Рид, и го носи името СПФН (Spike Ferritin Nanoparticle). За сега се завршени тестирања на животни и тоа со позитивни резултати, плус првата фаза од тестирање на луѓе, и во тек е последната ревизија на овие резултати. Треба да е ефикасна против сите сегашни и идни видови на коронавирусот (нормално и омикрон), како и против претходните верзии на САРС вирусот.

„За разлика од постојните вакцини, СПФН користи протеин во форма на фудбалска топка која има 24 страни, кои овозможуваат таа да ги прикачи шпицовите од различни варијанти на коронавирусот на различни површини на протеинот,“ пишува Тара Коп во текстот за Дефенс уан.

Тестирањето на вакцината се има одолговлечено главно затоа што за тестовите биле потребни поединци кои ниту биле вакцинирани, ниту претходно биле заразени со ковид-19, што било искомплицирано од масовното вакцинирање и рапидното ширење на делта и омикрон.

Директорот за заразни болести на Волтер Рид, доктор Кејвон Моџарад, има прилично мрачни предвидувања околу омикрон:

„Со омикрон нема начин како да го избегнеш вирусот. Па мислам дека многу скоро или целиот свет ќе биде вакциниран или ќе биде заразен.“

Следна фаза е да се види како вакцината ќе реагира кај луѓе кои претходно биле вакцинирани или заразени.

Волтер Рид работи на вакцината речиси 2 години и од старт решаваат „да се фокусираат на болеста, наместо на првичната верзија на вирусот.“