Home Актуелно Американската амбасадорка Брнз на средба со новиот премиер Ковачевски

Американската амбасадорка Брнз на средба со новиот премиер Ковачевски

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, денеска на средба со премиерот Димитар Ковачевски му го честитала изборот и му рекла дека Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на САД.

Ковачевски и Брнз разговарале за продолжување на економската соработка „со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Северна Македонија“, како што соопшти владината прес-служба.

„На средбата беше истакнато дека за Вашингтон Северна Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ“, стои во соопштението.

Ковачевски нагласил дека најавената официјална посета на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

Според Брнз, добрите односи меѓу Македонија и Бугарија се од исклучителна важност за САД и затоа треба брзо решавање на проблемот меѓу двете земји.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…