Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американската амбасада во Скопје предупредува од зголемен ризик од терористички напади во Република Северна Македонија поттикнати и мотивирани од екстремистички идеологиима, преку известување објавено на нивната веб страна.
Американската амбасада ги советува своите државјани дека екстремистите сè почесто напаѓаат т.н. „меки цели“, како трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, религиозни објекти, училишта, паркови и јавни настани, како спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации и други собири и им препорачува да бидат дополнително внимателни на такви локации.
„Терористичките организации и индивидуалци инспирирани од екстремистички идеологии се решени да напаѓаат цивили, вклучувајќи американски државјани во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи да нападнат толпи на јавни места, вклучувајќи пиштоли, возила и остри орудија“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.
Извор: СДК