Авто мото

Американска студија: Tesla најдобар, Mercedes најлош

Можеби за некого звучи невозможно, но кога се во прашање американските истражувања и актуелни трендови, сè е можно, па и тоа Tesla да биде најдобар во нешто, а Mercedes најлош.

Станува збор за студијата Consumer Reports за задоволството на купувачите базирана на опсежен прашалник упатен на адресите од над половина милион сопственици на автомобили.

Таканаречениот Owner Satisfaction Score е последица на оценките на сопствениците кои тие ги даваат во шест категории, а она важното што го кажува оваа студија е дали сопственикот би купил или не повторно таков автомобил. Притоа, токму ова рангирање им служи на многумина купувачи како своевиден репер и упатство при купувањето на нов автомобил.

Прво најлошите

Во оваа студија најлошо поминаа следните автомобили: Трет најлош модел е Honda ILX, своевидна луксузна верзија на стариот Civic во лимузинско издание, а следи за нас еднакво непознатиот Nissan Sentra.

Меѓутоа, апсолутно изненадувачки е автомобилот кој го понесе статусот најлош модел, а тоа е Mercedes GLA. Скапоцениот и компактен SUV по многу нешта не им е по вкус на Американците. Го критикуваат за непрактичниот седумстепен автоматски менувач, нееднаквото развивање на моќ и неудобноста.

Лоша е и прегледноста, посебно назад, а безбедносната опрема во стандардната понуда е нецелосна. Има уште забелешки, но најдобро е да запреме со набројувањето, бидејќи на сите им е јасно дека преку барата најмалиот SUV од Mercedes не е најдобро прифатен.

Меѓу десетте најлоши модели се најдоа уште неколку модели познати и на европскиот пазар како Fiat 500, Ford Transit Connect и Chevrolet Trax.

А најдобри се

Титулата за најдобро оценет ја понесе Tesla и нивниот најпопуларен модел – Model S (насловна фотографија). Овој автомобил неговите сопственици најчесто повторно би го купиле – дури 29% од нив. Тоа воопшто не е за чудење, со оглед на фактот дека Tesla ионака има најверни обожаватели спремни да му простат било каков пропуст на електричниот автомобил. Како и да е, според CR Тesla е најдобар и тоа така ќе остане запамтено.

На второ место се најде Porsche 911 со само 0,4% заостанување зад Tesla. Очекувано, сопствениците ги фалат возните способности, а посебно управливоста на моделот. Пофалби одат и на сметка на одличниот автоматски менувач и ентериерното уредување.

Во друштво на триото најдобри се најде уште еден „спортист“, и тоа американска класика. Веднаш зад Porsche 911 се најде Chevrolet Corvette со 91,2% задоволни сопственици.

Во топ 10 модели чии сопственици се најзадоволни влегоа и: Ford F-350, Lincoln Continental, Dodge Challenger, Mazda MX-5, Toyota Prius и Honda Odyssey. Секако, во одбраното друштво влезе и Tesla Model X, а нема сомнеж дека догодина ќе им се придружи и Model 3.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top