Американска новинарка остана без око откако беше погодена со полициски гумен куршум на протести во Минеаполис


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќе новинари ширум САД биле мета на напади на полицијата и демонстрантите кои ги претепале, а полицајците ги апсиле и пукале во нив на протестите што ја тресат Америка деновиве поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Медиумите најчесто објавуваат снимки во кои полицијата го уапси новинарот на Си-Ен-Ен, Омар Хименез, во лисици на рацете, но го пушти по еден час.

Но, имало неколку други инциденти во земјата, особено во Луисвил, Кентаки, каде полициски службеник испукал солзавец кон локалната телевизиска екипа, која го снимала.

„Пукаат во мена!“, извикува Кејтлин Руст, која работи за мрежата WAVE 3.

Во Минеаполис, најлошо помина новинарката Линда Тирадо, која била погодена во лицето со гумен куршум, поради што не може повеќе да гледа на едното око.

„Локалните власти мора да им наредат на своите полициски сили да не ги напаѓаат новинарите“, предупреди Комитетот за заштита на новинарите.

Медиумските работници исто така се напаѓани од демонстрантите, па фотографот Иан Смит бил претепан во Питсбург пред да интервенираат другите демонстранти.

Во Атланта, седиштето на мрежата „Си-Ен-Ен“ било нападнато во петокот од група од десетици луѓе кои фрлале шок бомби.

Во саботата наутро демонстрантите нападнаа известувач на „Фокс њуз“ кој бил пред Белата куќа и кој се обидел да избега пред полицијата да ги растера.

„Ако учествувате во протестите, направете го она што ви се чини како што треба, но не мешајте во нашата јавна работа“, се повикува од Здружението за медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја избриша пораката во која напиша: „Иронично, седиштето на Си-Ен-Ен беше нападнато од демонстрантите кои (мрежата) ја опишаа како фина и добра. За жал“.

Џорџ Флојд (46) почина во понеделникот во Минеаполис, откако еден полицаец му клекна на вратот за време на апсењето, а снимките од апсењето во кои тој го загуби животот, предизвикаа бран протести против полициската бруталност во Соединетите држави.