Американка роди бебе од 25 години стар смрзнат ембрион


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од ембрион зачнат и замрзнат пред 25 години, пред неполн месец се роди бебето Ема, па ова најверојатно ќе биде медицински случај со најдолг период меѓу зачнувањето и раѓањето.

Ембрионот го донирало семејство од САД, а бебето Ема го родила Тина Гибсон на 25 ноември годинава, откако претходно во март ембрионот бил ставен во нејзината матка.

„Имам 25 години, а бебето да се родело кога ембрионот бил зачнат, јас и Ема ќе бевме врснички. Многу сакав да имам бебе, не ми е важно дали се работи за рекорд или не“, изјави гордата мајка.

Ембрионот се чувал во Националниот центар за донирање ембриони каде ваквите ембриони ги нарекуваат „снежни бебиња“ бидејќи се замрзнати долго време.

Организацијата ги охрабрува двојките кои не сакаат повеќе деца да донираат ембриони откако ќе завршат со формирање на семејството, за да може други двојки да станат родители.

Тина и нејзиниот сопруг Бенџамин побарале помош откако нејзе ѝ била дијагностицирана цистична фиброза, поради што имала проблем со плодноста.

Бебето Ема било зачнато во октомври, 1992 година, година и пол откако се родила Тина.

„Ема е слатко чудо. Сметам дека е совршена“, рече Бенџамин.