Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера во Лозана беше видена фантастична атлетска вечер во рамките на осмиот митинг од оваа сезона дијамантската лига.
Во една вечер во Лозана беа соборени дури четири рекроди.
На трката во Лозана се започна со одличната трка на Салве Еид Насер на 400 метри. Таа целта ја мина за 49 секунди и 17 стотински и тоа време за 28 делови од секундата беше подобр од она на легендарната Французинка Мари Жозе Перек пред 23 години.
Подоцна публиката ја проследи трката на 1500 метри во машка конкуренција. Тука славеше Тимоти Чериот кој постави време 03:28.77. Со ова време го сруши рекордот на Алжирецот Али Сеид Сијеф поставен пред 18 години.
Најмногу внимание привлече трката на 200 метри. На оваа трка беше поставено четвртото најдобро место историјата на оваа дисциплина. Американецот Нои Лајс победи со 19.50 секунди и за осум стотинки го подобри рекордот на легендарниот Усаин Болт на стадионот „Монте“.
Последниот рекорд кој беше срушен во оваа вечер беше во скок со стап. Полскиот скокач Појотор Лисек скокна шест метри и еден сантиметар и така постави национален рекорд и најдобар резултат на сите времиња во Лозана.