Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
1958 година, Студената војна се стреми кон својот зенит, нуклеарното оружје е реална глобална закана, во САД интензивно градат засолништа од нуклеарно оружје во наплив на паника и страв од напад на СССР со таков арсенал.
Тој период е и екот на борбата за превласт на технолошко-астрономски план меѓу СССР и САД. Една година претходно е лансиран Спутник.
И тогаш, за прв пат, СССР го иницира првото издание на Меѓународниот музички натпревар „Петар Илич Чајковски“. Изненадувачки за сите, на натпреварот се охрабрува да се пријави и еден Американец – пијанистот Ван Клиберн.
На 13 април Клиберн ги свири „Концерт за пијано број 1“ од Чајковски и „Концерт за пијано број 3“ од Сергеј Рахманинов. Она што ги зачудува и судиите на овој иницијален натпревар кој ќе стане престижна музичка компетиција, е тоа што Клиберн за својот настап добива осумминутни овации и аплауз. Веќе е јасно кој е победникот на натпреварот, но судиите се плашат да прогласат Американец за победник пред да добијат дозвола од Хрушчов за тоа.
Го прашуваат политичкиот лидер дали да му ја дадат наградата. Никита Хрушчов ги прашува „дали тој е најдобар?“. На потврдниот одговор им вели: „Тогаш дајте му ја наградата“.
Тој по многу нешта легендарен настап ќе остане запаметен како момент на натполитичко надминување на американско-руската тензија и нетрпеливост кои беа на работ на трета светска војна. Еве ја изведбата на Клиберн од тој незаборавен 13 април.