Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американската раперка, модел и модна дизајнерка, а бивша стриптизерка, Амбер Роуз ја раскина врската со танчерот Вал Чмерковски. Парот беше во врска скоро пет месеци.
Амбер и Вал се запознаа преку братот на Вал, Макс, кој беше танчерски партнер на Амбер во американскиот „Танц со ѕвездите“. Набрзо после тоа ја започнаа врската, а извори блиски на парот тврдат дека танчерот и раперката биле прилично задоволни од врската.
Иако Роуз на социјалните мрежи често споделуваше фотки со Вал изјавувајќи му љубов, врската не траеше долго, а раперката веќе ден после раскинувањето се прегрнувала и бакнувала со бившиот сопруг Виз Калифа.
Бившиот родителски пар кој има тригодично синче на црвениот тепих на забавата од Клајв Дејвис во Лос Анџелес разменувал нежности и бакнежи. Тие се венчаа во септември, 2003, а една година подоцна Амбер побара развод.