Amazon му се „срчи“ на Apple


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гигантот во онлајн пазарењето, „Amazon.com“, за прв пат достигна пазарна вредност од 900 милијарди долари, истакнувајќи клучен момент во нејзината 21-годишна историја како јавна компанија и заканувајќи се да ја собори „Apple“ како највисоко отценета компанија на „Wall Street“, пренесува Ројтерс.

Откако Џеф Безос ја основа онлајн компанијата во гаража во 1994-та година, „Amazon“ ја преживеа во „дотком“ кризата, а потоа се прошири нагло во индустријата за продажба на мало, менувајќи го начинот на кој корисниците купуваат производи и претворајќи се во закана за физичките продавници.

Во средата компанијата објави дека продала повеќе од 100 милиони производи за време на продажбата на „Prime Day“, што резултираше со откуп на акцијата од 1858,88 долари. Ова му даде на „Amazon“ пазарна капитализација од 902 милијарди долари. Подоцна, износот беше ревидиран, а акциите се тргуваа по пад од 0,16% на берзата.

Акциите на „Amazon“ се зголемиле за повеќе од 57% во 2018-та година, што претставува зголемување од 123.000 пати од акцијата во Nasdaq во 1997-ма година. Инвеститор кој купил една акција за 18 долари на „ИПО“-то, сега ќе има инвестиција вредна повеќе од 22.200 долари, вклучувајќи ги и трите поделби на акции во 1990-тите.

„Amazon“, услугата за видено стриминг „Netflix“, како и неколку други технолошки компании го поттикнаа растот на „Волстрит“ во последниве години. Тие остануваат клучни делови од портфолиото на менаџери.

„Apple“ го смени „Exxon Mobil“ во 2011-та година како компанија со најголема пазарна вредност со седиште во САД. Компанијата до Силиконската долина во 2018-та година порасна за 12 отсто, на пазарна вредност од 935 милијарди долари.

Извор: Денар.мк