Amazon Go – првата продавница во која нема да се плаќа на каса (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Amazon Go претставува нов вид продавница во која нема потреба од плаќање откако ќе завршите со пазарење. Истражувачите од компанијата Amazon создале нова технологија со која никогаш повеќе ќе немате потреба од чекање на наплатните каси во продавниците. Сè што треба да направите е да ја искористите апликацијата за да влезете во продавницата, да ги земете намирниците кои ви се потребни и да си одите.

Ова ново искуство кое ќе го олесни животот на милиони купувачи работи со помош на систем кој го гледаме и кај автономните возила. Посебни сензори контролираат кога намирниците се земени од полиците или пак кога ќе бидат вратени и на тој начин се одржува една виртуелна шопинг-корпа за која не мора ниту да размислувате. Вашата задача е да го земете она што ви е потребно и да си заминете.

Продавницата ќе почне со функционирање во 2017 и е моментално користена само од вработените на Amazon.

Купувачот врши вообичаено купување, ги става производите во кеса, а сензорите ги идентификуваат производите и ги наплатуваа при излегување од продавницата.

Иако на прв поглед ќе изгледа како кражба, купувачот е опкружен со повеќе камери од што може да се замисли, а купувањето ќе биде наплатено по пат на виртуелна Амазон сметка, значи пари и кредитни картички повеќе нема да треба да се носат со себе.

Како што се најавува, продавницата на Амазон ќе биде снабдена со речиси сите производи како и другите продавници, со пијалаци, готова храна како сендвичи и салати и основни производи како леб и млеко.

Предностите за корисниците се очигледни, нема повеќе чекање во редици или играње со самопослужните каси.

Иако Amazon Go нема потреба за касиерки, сепак не се елиминирани сите работни места како редење на производите на рафтовите и чистење.