Amazon го „издува“ Google и стана највреден бренд на планетата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот гигант во светот на интернет пазарот Amazon со својата вредност ги надмина Apple и Google, со тоа станувајќи највредниот бренд на планетарно ниво.

Вредноста на Amazon порасна на 315 милијарди долари, се наведува цво извештајот на агенцијата Кантар за истражување на светскиот пазар. Amazon од трето се искачи на прво место, ГGoogle од прво замина на третото место , а на второто остана Apple.

Amazon, кој во својата гаража во 1994 го основа сега најбогатиот човек на светот Џеф Безос, стигна на врвот на листата благодарејќи на битнуите аквизиции, врвните кориснички услуги и иновативниот деловен модел, се наведува во извештајот ан агенцијата.

Меѓу првите десет компании повторно доминираат американските и тоа Apple со 309,5 милијарди долари, Google со 309 милијарди и Microsoft со 251 милијарди долари вреден бренд.

Виза има вредност од речиси 178 милијарди, со што е на петто место, а социјалната мрежа Facebook е зад неа со вредност од 159 милијарди долари.

Кинеската компанија Alibaba е на седмото место и прва од азиските , вредна 131,2 милијарди, со што го премина Tencent, која е на осмо место со 130,9 милијарди.