Амандманите за промена на Уставот поминаа – следува јавната расправа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Собранието го усвои нацртот на четирите уставни амандмани, па сега се предвидува дека од утре Владата ќе ја започне јавната расправа за измена на Уставот, што може да трае максимум пет дена.

Потоа следува третата, завршна фаза, во која за усвојување на амандманите на Уставот Македонија е потребно 2/3 мнозинство од 80 пратеници.

Се предвидува дека промените на Уставот на Македонија би можеле да завршат до половината на јануари 2019та, а за да стапат на сила потребно е Грција да го ратификува Договорот од Преспа и пристапниот протокол на Македонија за членство во НАТО.