Home Спорт Ама се потрошиле – видете што му поклони Виљареал на Иниеста!

Ама се потрошиле – видете што му поклони Виљареал на Иниеста!

Андрес Иниеста ги игра последните натпревари за Барселона, а Виљареал синоќа сакаше на достоен начин да се прости од легендарниот Шпанец, па му подари подморница од својот фан-шоп.

Цели 16 сезони Иниеста го носеше дресот на Барселона, а против Виљареал одигра 23 натпревари, на кои забележа 14 победи, четири реми и пет порази.

Синоќа Виљареал сакаше на достоен начин да се прости од Иниеста и да му се заблагодари за се што направи за шпанскиот фудбал, па пред натпреварот му поклонија жолта подморница – симболот на клубот.

Меѓутоа, денес на социјалните мрежи сите тераат „мајтап“ со шпанскиот клуб, бидејќи поклонот може да го купите во фан-шопот на Виљареал и тоа за само 45 евра, односно помалку од 3000 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…