Алжир го блокираше интернетот низ цела земја за време на завршните тестови во средните школи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Алжир го исклучи интернетот низ цела земја за време на завршните тестирања во средните школи, со цел да го спречи препишувањето на полагањата.

Услугата за интернет конекција, како преку мобилен, така и преку останатите опции, беше и ќе биде исклучена на еден час во периодот помеѓу 20 и 25 јуни, кога се вршат завршните тестирања во средните училишта.

Тоа се прави со цел да се спречи препишувањето и мамењето за време на полагањата, но и протекувањето на прашањата и задачите од тестовите. На овој потег Алжир се одлучи после масовните измами и препишувања во 2016 година, кога прашањата беа објавувани на интернет пред и за време на полагањата.

Поради тоа, властите побараа од интернет провајдерите да го исклучат пристапот на социјалните мрежи минатата година, но ниту тоа не беше доволно да се спречат измамите.

Бенгабрит

Министерката за образование на Алжир, Ноура Бенгабрит, за алжирскиот весник Annahar изјави дека Фејсбук ќе биде блокиран низ цела земја овие денови, без пауза, а електронските уреди со пристап на интернет се забранети да се внесуваат од страна на учениците и наставниците.

Во 2.000 простории, каде се одржуваат главните тестирања, поставени се и детектори за метал. Исто така, учениците ќе бидат следени и од надзорни камери.