Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дани Алвеш и дефинитивно го реши прашањето за првиот финалист во Лигата на шампионите и тоа со фантастичен волеј од работ на казнениот простор. Ова беше негова топка, а тој такви не промашува!
Најпрвин фантастично асистираше за голот кој го постигна Манџукиќ, да не ги споменуваме головите од првиот дуел, а потоа ги дочека и своите минути и после лошто боксување на голманот од Монако постигна спектакуларен погодок.
Тоа, воедно, беше и прва лоша реакција на чуварот на мрежата од Монако, која тимот скапо ја плати.
Актуелниот италијански шампион е првиот патник во големото финале од Лигата на Шампионите, откако вечерва со 2-1 и вкупни 4-1 го совлада тимот на Монако.
„Старата дама“ вечерва рутински го одработи реваншот после победата од 2:0 во Монте Карло. Освен головите на Манџукиќ и Алвеш за Јуве, утешниот и почесен за Монако го постигна Мбапе.
Другото полуфинале се игра утре, а таму Атлетико го пречекува Реал Мадрид и ќе брка негатива од 3 гола, откако првиот натпревар заврши со резултат 3-0 во полза на „кралевите“.