Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившиот играч на Катанија, Пабло Алварез, потсети на мечот против Милан кога во дресот на италијанскиот гигант настапуваше легендата Роналдињо. Аргентинскиот дефанзивец беше задолжен да го чува Роналдињо.
Стравувајќи се дека ќе биде понижен, Алварез се одлучил за агресивен пристап, кој легендарниот Бразилец не можеше да го издржи, па го замолил својот противник да не го удира повеќе.
„Кога заврши првото полувреме на натпреварот Милан – Катанија на Сан Сиро, се приближувавме кон тунелот, тој ми пријде, го соблече дресот и ми рече: Земи го, Алварез. Само не ме удирај повеќе”, изјави поранешниот играч на Бока Јуниорс.
„Тој ми го даде дресот, невозможно беше да го одбијам. Се чинеше како да лета. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата”, додаде тој.
Роналдињо играше во Серија А три години, за кое време успеа да го освои Скудетото во 2011. година.