Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алтернатива и Владата предводена од СДСМ постигнаа договор за влез на албанската партија во владејачката коалиција, па како резултат на тој договор, Алтернатива ќе добие три министерски места, а за нив ќе се воведат и неколку министри без ресор, за како што рече премиерот во оставка, Зоран Заев, подобро справување со домашните и глобалните предизвици.
Партијата од своите редови ќе назначи министри во Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација, министер без ресор задолжен за дијаспората и новите министри без ресор кои ќе се воведат.
Партијата ќе назначи свои заменици министри во Министерството за образование и наука, во Министерството за култура, а најверојатно и во Министерството за земјоделство.
Освен во Министерствата партијата, како што соопшти Заев ќе преземе повеќе управувачки органи во повеќе институции на централно и локално ниво, а меѓу нив ги спомена МЕПСО, Фондот за пензиско и здравствено осигурување, Железници транспорт, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции и други.
Лидерот на СДСМ, Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска и официјално го потпишаа влегувањето на Алтернатива во Влада. Како што кажа Заев тие се согласиле партијата да биде дел од владата до 2024 година, а може и понатаму, донсоно додека не се случат редовните парламентарни избори.
-Нe ни се потребни вонредни парламентарни избори, нова политичка и економска неизвесност, доста беа кризи, рече Заев.
Според Заев, овој договор бил постигнат за да функционира државата односно да има успешен епилог за почеток на преговоирте со ЕУ, да се изнајде решение со Бугарија, поради справувањето на земјава со Ковид-29 и глобалната економска криза.