Алтернатива излегува од Владата и оди во опозиција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Партијата од албанскиот блок на политички партии во Македонија Алтернатива, која што досега имаше двајца министри во владата, одлучи на оди во опозицијата, откако СДСМ се договори со Алијанса за Албанците да влезе во власта.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера до Собранието го достави предлогот за владина реконструкција, со кој што двете министерски позиции на Алтернатива одат кај Алијанса за Албанците, пренесува СДК.

Денеска, Алтернатива одржа состанок на Централното собранието на партијата, по што лидерот Африм Гаши соопшти дека ја напуштаат владејачката коалиција. Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство во јануари 2022 година, непосредно пред изборот на владата на Ковачевски.

„Бидејќи нашата одлука беше политичка, ние со тогашниот претседател на СДСМ потпишавме и објавивме политички договор и уште еден кадровски договор, вториот како гаранција за спроведување на политичкиот договор, кој беше усвоен и од актуелниот премиер. И, иако точките од тој договор беа спроведени од наша страна, за жал, другата страна не го спроведе во целост ниту политичкиот, ниту пак, кадровскиот договор, а на крај тие – еднострано, речиси брутално – го раскинaa договорот и решија да го поделат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство. Ова говори многу, за жал говори лошо, за нив и не само за нив како партија, како субјект на кој не му е гајле за раскинување на договори и не ги почитува оние кои му го спасија животот, туку ова говори многу лошо и за земјата која цели кон европските вредности. Ако СДСМ оцени дека европските стандарди се кршење на договорите, ова е многу лоша вест за Северна Македонија“, кажа Гаши.

Од Алтернатива, министер за здравство беше Беким Сали, а министер за а информатичко општество и администрација беше Адмирим Алити. На нивно место, Ковачевсkи ги предложи Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата за владината реконструкција за утре во 15 часот.