Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите кои ги пренесува Алсат-М, повикувајќи се на извори од СЈО, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денес конечно добила покана за распит кај обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.
Алсат неофицијално дознава дека на адреса на Специјалното обвинителство, утрото до шефицата на СЈО стигнала поканата за сведочење за случајот „Рекет“. Курир од обвинителството за организиран криминал го донел пликото во СЈО. Поканата создала хаос.
Полицајците во СЈО почнале дури да ги претресуваат сите вработени кои влегуваат и излегуваат од Специјалното обвинителство вклучително и обвинителите, по директна наредба на Јанева. Паралелно, кај Рускоска за „Рекет“ сведочеше шефицата на нејзиниот кабинет. Иако требаше денеска, се одложи сведочењето на обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми. Причина е судењето каде „ТНТ“ каде тој е обвинител. Обвинетите за уривање на комплексот „Космос“, водени од можната инволвираност на Јанева во „Рекет“, побараа нејзино изземање.