Алсат – детално: Еве како се трошеле парите во ДИК


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Преку алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер, поратлот Алсат М побара податоци за платите на членовите на Комисијата, за исплатени надоместоци, дневници за патувања, за храна и пијалоци во бифе – во периодот од именувањето на Чичаковски од средината на декември пред две години, па до пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 – та.

Токму во тој временски период, од скоро една година, по разни основи, на членовите им се исплатени речиси 10 милиони денари или 161 илјада евра. Платите според податоците што ги добивме, се движат од 1.000 па до 1.150 евра на месечно ниво на секој член одделно. Во јуни 2016 – та, сите членови на ДИК поделиле од 3.000  до 3.600 евра како надоместок.

Во ставката патни трошоци, доминира Силвана Бонева со високи 708.000 денари или 11.500 евра за 10 месеци работа во ДИК односно по 1.150 евра месечно. Бедреин Ибраими добил 3.220 евра, Субхи Јакупи половина од оваа сума – односно 1.560 евра. На Чичаковски му се исплатени скромни 61 евро.

Освен овие пари, членовите на ДИК, на сметка на комисијата можеле да јадат и пијат во бифето. Така, за претседателот Чичаковски во бифето биле плаќани за храна и пијалоци суми од 45 до 150 евра на месечно ниво. Или за 10 месеци – 1.000 евра. Најскромен бил Атанас Урумов кој испил и изел само 260 евра.