Алмудена со поубави „ножички“ од оние на Роналдо (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата шпанска гимнастичарка Алмудена Сид Тостадо покажа импресивна фудбалска вештина изведувајќи  удар со „ножички“ во стилот на Кристиано Роналдо.

37-годишната Алмудена Сид Тостадо, пензионирана гимнастичарка од Шпанија, без разлика што е во пензија сака да покаже се уште и тоа како уште е во топ форма.

A post shared by Almudena Cid (@almudenacid) on

На својот Инстаграм профил таа со фановите сподели видео во кое фудбалската топка ја удира високо над главата, но за разлика од фудбалерите таа со другата нога стои на земја.

„Гимнастички ножички, без да се фрламе на земја и да ја расипуваме фризурата“, напиша преубавата Шпанка на Инстаграм.

A post shared by Almudena Cid (@almudenacid) on

Ногата на португалскиот фудбалски мајстор Роналдо при ударот беше на висина од 2,38 метри што ги воодушеви сите. Но Роналдо ударот го изведе со скок, а Алмудена на скоро два метри висина, топката ја удри со другата нога стоејќи на земја.

A post shared by Almudena Cid (@almudenacid) on